СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 04 март 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува крајно вулгарниот и недоличен говор во објавата на претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев на социјалната мрежа Фејсбук кој се однесува на телевизија Канал 5.

Покрај јавното етикетирање и дискредитирање на медиумот и неговото одговорно лице, упатен е и повик за бојкот на огласувачите и нивните производи на ТВ Канал 5, при што се споменува системска организирана антикампања.

Ваквото однесување е апсолутно неприфатливо, особено станува збор за политичари и јавни личности кои треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите. Политичарите и носителите на јавни функции мора да свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните. Непримерната комуникација негативно се одразува на слободата на изразување, пред сè во чувствителни периоди како предизборните и го нарушува достоинството на медиумските работници



Accessibility

Accessibility