Отворена на јавна расправа за Нацрт-Упатството за изменување и дополнување на Упатството за примена на одредбите за пласирање производи

Скопје, 13 март 2024 – Советот на Агенцијата на 9-та седница одржана на 12 март 2024 година, усвои Нацрт- Упатство за изменување и дополнување на Упатството за примена на одредбите за пласирање производи.

Измената и дополнувањето на Упатството произлегува од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од јули 2023 година, каде беа направени промени поврзани со пласирањето производи.

Агенцијата ги повикува сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа трае 90 дена, заклучно со 11 јуни 2024 година.

 



Accessibility

Accessibility