Скопје, 26.03.2024 – На првото продолжение на 9та седница кое се одржа на 20.03.2024г., Советот на Агенцијата донесе Одлукa со која се дозволи промена во сопственичката структура на ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА ДООЕЛ експорт-импорт Сарај Скопје.
На 11та седница која се одржа истиот ден, Советот на Агенцијата го одобри Нацрт-годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2023 година и го усвои Нацрт-упатството за радиодифузерите за Претседателските и за Парламентарните избори 2024 за кое обезбеди јавна расправа во траење од 5 дена (заклучно со 25 март 2024г.) со цел да им се овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите мислења, гледишта и ставови.