ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Изборите 2024

Скопје, 3 април 2024 – Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на Македонска телевизија и приватните телевизиски програмски сервиси на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, имаат обврска при известувањето за изборите, едно издание на вестите и една содржина емитувана во периодот од 16.00 – 24.00 часот да ја прилагодат за лицата со сетилна попреченост.

Содржина во пристапен формат за лицата со попреченост ќе емитуваат МРТ 1, МРТ 2, ТВ Алфа, ТВ Алсат М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ Компани 21-М, ТВ Шења, ТВ Клан Мацедониа, ТВ Сонце, ТВ 24 Вести и Наша ТВ.

Иако нема обврска од Изборниот законик, програма пристапна за лицата со сетилна попреченост ќе обезбеди и регионалната ТВ М од Охрид.

Листата со пристапни содржини за секој медиум одделно е достапна на линкот.



Accessibility

Accessibility