СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 7 април 2024 – Во врска со случајот поврзан со новинарот Фуркан Салиу, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го повикува Министерството за внатрешни работи веднаш, односно во најскоро време да го расчисти случајот и да ја информира јавноста за причините за неговото приведување.

Истовремено, очекуваме МВР доследно да ги почитува законските процедури и правата на новинарот Салиу, а политичките партии да не го користат овој случај за дневно партиски цели, за да не се шират шпекулации и дезинформации се до целосно расчистување на случајот.



Accessibility

Accessibility