РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ДА НЕ ЕМИТУВААТ ППР СО МАЛОЛЕТНИЦИ

Скопје, 9 април 2024  – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување за Претседателските избори 2024 година, констатираше дека, спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик, во платено политичко рекламирање на претседателските кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи учествуваат малолетници.

За содржината на платеното политичко рекламирање се одговорни нарачателите, но радиодифузерите се одговорни за законитоста на неговото емитување. Оттаму, радиодифузерите треба веднаш да престанат да ги емитуваат овие спотови, а учесниците во изборната кампања да ја усогласат содржината на нивното платено политичко рекламирање со законската регулатива.



Accessibility

Accessibility