Скопје, 26 април 2024 – Советот на Агенцијата на вчерашната 19-та седница, донесе Упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024.
Со документот се појаснува распределбата на минутите за платено политичко рекламирање (вкупно времетраење најмногу 8 минути на реален час емитувана програма) кои се делат меѓу двајцата кандидати кои учествуваат во вториот круг од Претседателските избори, распределбата на времето во вестите на Јавниот сервис и распределбата на времето за бесплатно политичко претставување на Собранискиот канал.
Агенцијата изработи Пречистен текст со сите измени и дополнувања на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024, кој е достапен на следниот линк.