Редовен административен надзор врз сите 99 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма

Скопје, 30 април 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 99 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма, за обврската до 31 март на посебен образец пропишан од страна на Агенцијата, да и достават податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање во претходната година (реклами, спонзорство, продажба на содржини, услуги обезбедени на трети страни и слично), остварените вкупни приходи и расходи во претходната година од обезбедувањето на дејноста и за просечната гледаност или слушаност во претходната година.

Надзорот покажа дека оваа обврска не ја исполнија радио Галакси-2002 од Кавадарци и радио Про-ФМ од Гостивар.

Извештаите се достапни на линковите:

Општ извештај (член 15 став 1 од ЗМ) – 29.04.2024

Галакси-2002 (член 15 став 1 од ЗМ) – 29.04.2024

Про-ФМ (член 15 став 1 од ЗМ) – 29.04.2024



Accessibility

Accessibility