Изречена мерка јавна опомена за радијата Галакси-2002 и ПРO-ФМ

Скопје, 3 јуни 2024 – Советот на Агенцијата на 25-та седница одржана на 31 мај 2024 врз констатаци од извршени редовни административни надзори, донесе две Решенија за изрекување мерка јавна опомена на радио Галакси – 2002 од Кавадарци и радио Про-ФМ од Гостивар, поради прекршување на член 15 став 1 од Законот за медиуми, односно за недоставување податоци за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање во 2023 година, остварените вкупни приходи и расходи од обезбедувањето на дејноста во 2023 година и за просечната слушаност во 2023 година.

Мерките јавна опомена се достапни на линковите:

РА Галакси – 2002 – (член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 31.05.2024

РА Про-ФМ – (член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 31.05.2024



Accessibility

Accessibility