Контролен програмски надзор врз МРТ 2

Скопје, 12 јуни 2024 – Врз  вториот програмски сервис на Македонската Радиотелевизија Скопје – МРТ 2, Агенцијата изврши контролен програмски надзор за да утврди дали е постапено по претходно изречената мерка јавна опомена упатена заради не емитување дневно 40% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела.

Со надзорот беше констатирано дека од страна на МРТ 2 во целост е постапено по решението за изрекување мерка – јавна опомена.

Извештајот е достапен на следниот линк:

МРТ 2 – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 10.06.2024



Accessibility

Accessibility