Контролни програмски и административни надзори врз ТВ Гурра

Скопје, 12 јуни 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролни програмски и административни надзори врз ТВ Гурра од Кичево, за да утврди дали радиодифузерот постапил по изречените мерки јавна опомена упатени поради непочитување на повеќе обврски од ЗААВМУ и Законот за медиуми.

При надзорите беше констатирано дека радиодифузерот продолжил да не ги обезбедува информациите коишто треба да им се направат достапни на корисниците и да не емитува најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела, во периодот од 7:00 до 19:00 часот.

Дел од контролните надзори поврзани со правилата за заштита на малолетната публика, обврските за објава на импресум и условите за рекламирање и телешопинг, не можеа фактички да бидат спроведени, бидејќи радиодифузерот на денот на надзорот освен музички спотови не емитуваше никаков друг вид програма со новинарски и со уредувачки ангажман, па оттаму Агенцијата по службена должност ќе спроведе еднонеделен вонреден надзор врз радиодифузерот.

Извештаите од надзорите се достапни на следните линкови:

ТВ Гурра – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 10.06.2024

ТВ Гурра – (прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 10.06.2024

ТВ Гурра – (член 14 од Законот за медиуми) – 10.06.2024

ТВ Гурра – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 10.06.2024

ТВ Гурра – (член 98 став 1 од ЗААВМУ) – 10.06.2024



Accessibility

Accessibility