Вонреден програмски надзор по службена должност врз ТВ Гурра

Скопје, 14 јуни 2024г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност изврши вонреден програмски надзор врз работата на ТВ Гурра од Кичево, со цел да констатира дали во текот на една недела, радиодифузерот спроведува најмалку 80% од програмскиот концепт за кој му е издадена дозволата.

При надзорот врз програмскиот сервис на ТВ Гурра емитуван на локално ниво, во периодот од 3 до 9 јуни 2024 година, беше констатирано прекршување на членот 67 став 6 од ЗААВМУ, односно не спроведување на најмалку 80% од програмскиот концепт за кој му е издадена дозволата за работа.

Извештајот е достапен на линкот:

ТВ Гурра – (член 67 став 6 од ЗААВМУ) – 13.06.2024



Accessibility

Accessibility