Редовен административен надзор врз Радио Про -ФМ од Гостивар

Скопје, 14 јуни 2024 – Агенцијата изврши редовен административен надзор врз радиото Про-ФМ за обврските за достава на писмен извештај за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио емитување, а особено за спроведувањето на програмскиот концепт.

Надзорот покажа дека радиодифузерот во законски предвидениот рок (најдоцна до 31 март 2024 година) не достави до Агенцијата писмен извештај за спроведувањето на обврските утврдени во дозволата за радио емитување, особено за спроведувањето на програмскиот концепт, ниту информација за техничките средства преку кои се емитува или реемитува програмскиот сервис во државата или надвор од неа, со што не ги исполни обврските од член 15 став 5 од Законот за медиуми.

Извештајот е достапен на линкот:

Про-ФМ (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 13.06.2024



Accessibility

Accessibility