Редовен административен надзор врз сите радиодифузери кои емитувале радио и ТВ програма во 2023 година

Скопје, 14 јуни 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите радиодифузери коишто емитувале телевизиска или радио програма во 2023 година.

Предмет на надзор беше обврската на радиодифузерите до 31 март 2024 година до Агенцијата да достават извештај за спроведување на обврските утврдени на дозволата за радио или телевизиско емитување, особено за спроведување на програмскиот концепт.

Надзорот покажа дека оваa законска обврска не ја исполни единствено РА ПРО-ФМ од Гостивар.

Извештајот е достапен на следниот линк:

 Општ извештај – (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 13.06.2024



Accessibility

Accessibility