Изработен извештај за сопственоста на медиумите во 2024 година

Скопје, 20 јуни 2024 – Со цел да се зголеми транспарентноста на медиумската сопственост, односно на јавноста да ѝ се обезбеди лесен и директен пристап до податоците за физичките и правните лица кои се сопственици на медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го изработи извештајот за сопственоста на медиумите во 2024 година. Покрај тоа што во континуитет ги обезбедува овие податоци во посебни регистри на својата веб страница, Агенцијата веќе неколку години изработува и редовни годишни анализи/извештаи за медиумската сопственост.

Извештајот содржи податоци за сопствениците на телевизиите, радиостаниците и издавачите на печатени медиуми според тековните состојби издадени од Централниот регистар на РСМ. За потребите на извештајот се користени и податоци од Централниот депозитар за хартии од вредност, за сопствениците на оние правни лица кои се акционерски друштва.



Accessibility

Accessibility