Контролен административен надзор врз Радио Галакси-2002

Скопје, 9 јули 2024г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролнен административен надзор врз Радио Галакси 2002 од Кавадарци, за да утврди дали радиодифузерот постапил по изречената мерка јавна опомена, упатена поради неисполнување на обрската од член 15 став 1 од Законот за медиуми, односно за недоставување податоци за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање во претходната година, остварените вкупни приходи и расходи во претходната година од обезбедувањето на дејноста и за просечната гледаност или слушаност во претходната година.

Надзорот покажа дека радиодифузерот ја исполнил законската обврска во целост.

Извештајот е достапен на следниот линк:

Галакси – 2002 – член 15 став 1 од Законот за медиуми 08.07.2024



Accessibility

Accessibility