Седница бр.29 – 17.07.2024

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 28-та седница ќе ја одржи на 17.07.2024 година (среда), со почеток во 14:00 часот, преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на Предлог-записник од 28-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 10.07.2024 година.
  2. Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата на ТРД БАЛКАН ФМ РАДИО ДООЕЛ Гостивар.
  3. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на Трговското радиодифузно друштво РАДИО ПРО-ФМ ДОО Гостивар, за прекршување на член 15 став 5 од Законот за медиуми.
  4. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
  5. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ГУРРА ДООЕЛ Кичево, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
  6. Нацрт-правилник за измена и дополнување на Правилникот за спонзорство.
  7. Нацрт-правилник за измена и дополнување на Правилникот за заштита на малолетните лица.
  8. Нацрт- водич за мониторинг на говорот на омраза – второ дополнето и изменето издание.
  9. Нацрт-правилник за физичките лица даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.
  10. Предлог за изработка на Студија за оправданоста за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување, на државно ниво, преку дигитален терестријален мултиплекс.
  11. Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга – Одржување на кафемати за потребите на Агенцијата, со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
  12. Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка – стока: Лиценца за Firewall.
  13. Разно.


Accessibility

Accessibility