Контролен административен надзор врз ТВ Гурра

Скопје, 14 октомври 2024г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен административен надзор врз ТВ Гурра од Кичево, за да утврди дали радиодифузерот постапил по изречената мерка јавна опомена, упатена поради неисполнување на обрската од член 51 став 1 од ЗААВМУ, според која радиодифузерите се должни да обезбедат податоци за името и адресата на седиштето на медиумот, податоци за контакт, одговорното лице и за надлежното регулаторно тело.

Надзорот покажа дека радиодифузерот на програмата емитувана на 6 октомври 2024 година, не ги обезбеди информациите што треба да им се направат достапни на корисниците, согласно член 51 став 1 од ЗААВМУ.

Извештајот е достапен на следниот линк:

ТВ Гурра – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 10.10.2024



Accessibility

Accessibility