Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 46-та седница ќе ја одржи на 25.12.2024 година (среда), со почеток во 12:05 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 14-та Јавна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 12.12.2024 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 45-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 12.12.2024 година.
- Предлог-годишен план за вршење програмски надзор за 2025 година.
- Предлог-годишен план за вршење административен надзор за 2025 година.
- Предлог-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 година (со Предлог-програма на планирани активности и Предлог-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 година).
- Предлог-одлука за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТДР ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица.
- Предлог-одлука за неуспешен јавен конкурс за доделување дозвола на подрачјето на општина Неготино.
- Предлог за запирање на покрената постапка на ТРД ТВ ЊУЗ ДООЕЛ Куманово.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ЊУЗ ДООЕЛ Куманово, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на телевизискиот програмски сервис на ТРД ТВ ЊУЗ ДООЕЛ Куманово, за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на телевизискиот програмски сервис на ТРД ТВ ЊУЗ ДООЕЛ Куманово, за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на телевизискиот програмски сервис на ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 16, 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на телевизискиот програмски сервис на ТРД ТВ ЊУЗ ДООЕЛ Куманово, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 17 и 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на телевизискиот програмски сервис на ТРД ПРОТЕЛ ДООЕЛ Пробиштип, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 16, 17 и 19 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на телевизискиот програмски сервис на ТДР СПЕКТРА, Општина Лабуништа ДООЕЛ, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 16 и 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на телевизискиот програмски сервис на ТРД ТВ СВЕТ ДОО Свети Николе, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетните лица.
- Предлог-решение за бришење од регистар за ДРД Радио РРАПИ Струга.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга – Технички преглед на лифтови и платформа.
- Разно.