Скопје, 21 јануари 2025 – Во петок, 24.01.2025 година во хотел Холидеј Ин, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи настанот „Дезинформации: како да се препознаат и да се спречат“, со кој се заокружува Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис“. Проектот е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).
Во рамки на настанот ќе се одржи панел дискусија и промоција на Прирачникот за справување со дезинформации, а воведни обраќања ќе имаат: г-дин Холгер Албрих, проектен лидер; г-дин Лазо Петрушевски Претседател на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; г-дин Драган Николовски, главен и одговорен уредник на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија; Н.Е. Микалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија и Н.Е. г-ѓа Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија.
Агендата за настанот е достапна на линкот