Редовни и вонредни програмски надзори врз операторот Мултимедија Нетворк Л

Скопје, 24 јануари 2025г – Агенцијата изврши два редовни и два вонредни програмски надзори за различни законски обврски врз операторот Мултимедија Нетворк Л од Гостивар.

При едниот вонреден надзор беше констатирано дека спротивно на член 144 став 3 од ЗААВМУ, операторот кој според нотификацијата од АЕК може да врши дејност на територија на општина Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Кичево, до Агенцијата не доставува сигнал со иста содржина со онаа што им е достапна на неговите претплатници.

Вториот вонреден надзор покажа дека операторот спротивно на член 143 став 1 од ЗААВМУ на територијата на општина Кичево го реемитува програмски сервис ТВ Коха кој од Агенцијата има добиено дозвола за емитување на регионално ниво за регион Д8 – Попова Шапка (Тетово, Гостивар, Врапчишта, Боговиње, Брвеница, Теарце, Јегуновце, Желино).

При редовниот надзор беше констатирано дека спротивно на член 141 став 13 од ЗААВМУ на 21.01.2025 година, за своите корисници ги реемитувал програмските сервиси „HBO“, „HBO 2“, „ATV“, „Hayat Folk Box“, „Hayat 2“, „Hayat Music Box“, „Star“, „Kanal D“ и „Haberturk“, кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата.

Извештаите се достапни на следните линкови:

Мултимедија Нетворк Л – (член 143 став 1 од ЗААВМУ) – 23.01.2025

Мултимедија Нетворк Л – (член 144 став 3 од ЗААВМУ) – 23.01.2025

Мултимедија Нетворк Л – (член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 23.01.2025

Мултимедија Нетворк Л – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 23.01.2025



Accessibility

Accessibility