Скопје, 31 јануари 2025 – Советот на Агенцијата на 3-та седница одржана на 29 јануари, поради непочитување на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрече три мерки јавна опомена за кабелскиот оператор Мултимедија Нетворк Л.
Едната мерка е изречена поради реемитување на програмски сервиси кои не се опфатени со потврдата за регистрација издадена од Агенцијата, втората поради реемитување програмски сервис со дозвола за регионално емитување на територија што не е опфатена со неговото овластување и третата мерка поради недоставување сигнал со идентична содржина како онаа што им е достапна на нејзините претплатници, што е спротивно на законските одредби.
Мерките јавна опомена се достапни на линковите:
Мултимедија Нетворк Л – (член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 31.01.2025
Мултимедија Нетворк Л – (член 143 став 1 од ЗААВМУ) – 31.01.2025
Мултимедија Нетворк Л – (член 144 став 3 од ЗААВМУ) – 31.01.2025