Извршен контролен програмски и административен надзор врз ТВ Њуз

Скопје, 5 февруари 2025 –  Откако помина рокот за законско усогласување со изречените мерки јавна опомена, врз локалната телевизија Њуз од Куманово, Агенцијата изврши контролен програмски и административен надзор за повеќе обврски – објава на импресум, информации кои треба да се направат достапни до корисниците и обврските за заштита на малолетните лица од програми што би можеле да им наштетат на нивниот физички, психички или морален развој.

При надзорот беше констатирано дека и покрај решенијата за изрекување мерка јавна опомена, радиодифузерот на 28 јануари не ги објави податоците за импресум и не ги обезбеди информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ Њуз – (прекршување на член 14 од Законот за медиуми) – 04.02.2025

ТВ Њуз – (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 04.02.2025

ТВ Њуз – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 04.02.2025



Accessibility

Accessibility