Извршен контролен програмски надзор врз ТВ Дуе, ТВ Протел, ТВ Спектра и ТВ Стар

Скопје, 5 февруари 2025г –  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз ТВ Дуе, ТВ Протел, ТВ Спектра и ТВ Стар, за да утврди дали радиодифузерите постапиле по изречените мерки јавна опомена, упатени заради непочитување на обврската заштита на малолетните лица од програми што би можеле да му наштетат на нивниот физички, психички или морален развој.

При надзорот е констатирано дека ТВ Дуе на програмата емитувана на 27 јануари, пред емитувањето на повеќе програми од прва, втора и четврта категорија беше употребена неправилна предупредувачка сигнализација за заштита на малолетните лица.

Извештаите од надзорот се достапни на следните линкови:

ТВ Дуе – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 5.02.2025

ТВ Протел – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 5.02.2025

ТВ Спектра – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 5.02.2025

ТВ Стар – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 5.02.2025

 



Accessibility

Accessibility