Извршен редовен административен и програмски надзор врз МРА 1, МРА 2 и МРА 3

Скопје, 21 февруари 2025г. – Агенцијата спроведе редовен административен и програмски надзор врз радио програмите на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА – МРА 1, МРА 2 и МРА 3 за обврските за објава на импресум, информации кои треба да се направат достапни до корисниците, идентификација на радиодифузерот, правилата за емитување аудио комерцијални комуникации, обврските при обезбедување квизови или други облици на наградно учествување, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа, употреба на јазикот во програмите на радиодифузерите, дневно емитување најмалку 18 часа програма на радио и најмалку 50% од емитуваната инструментална, вокална и/или вокално – инструментална музика изворно создадена во Република Македонија да биде на македонски јазик или на јазикот на етничките заедници кои не се мнозинство (МРА 2 да обезбеди најмалку 30% од емитуваната инструментална, вокална и/или вокално-инструментална музика изворно создадена во Република Македонија да биде на македонски јазик).

При надзорите не се констатирани прекршувања на законските одредби од ЗААВМУ и Законот за медиуми.

Извештаите од надзорите се достапни на линковите:

МРА 1 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 21.02.2025

МРА 1 – (членови 53, 54, 55, 98, 99, 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 21.02.2025

МРА 1 – (член 64, член 90 и член 92 став 4 од ЗААВМУ) – 21.02.2025

МРА 2 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 21.02.2025

МРА 2 – (членови 53, 54, 55, 98, 99, 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 21.02.2025

МРА 2 – (член 64, член 90 и член 92 став 4 од ЗААВМУ) – 21.02.2025

МРА 3 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 21.02.2025

МРА 3 – (членови 53, 54, 55, 98, 99, 10, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 21.02.2025

МРА 3 – (член 64, член 90 и член 92 став 4 од ЗААВМУ) – 21.02.2025



Accessibility

Accessibility