Скопје, 25 февруари 2025г – Советот на Агенцијата на 8-та седница одржана на 24 февруари 2025 година, поради непочитување на одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми изрече мерки јавна опомена за ТВ Њуз и ТВ ДУЕ.
На ТВ ЊУЗ мерка јавна опомeна е изечена поради тоа што не обезбеди информации коишто треба да им се направат достапни на корисниците и за необјавување податоци за импресум, додека на ТВ ДУЕ мерка јавна опомена му е изречена поради неправилна предупредувачка сигнализација за заштита на малолетните лица, како и за непочитување на законската обврска за емитување најмалку 30% македонски аудиовизуелни дела.
Мерките јавна опомена се достапни на линковите:
ТВ Дуе – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 25.02.2025
ТВ Дуе – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 25.02.2025
ТВ Њуз – (член 14 од Законот за медиуми) – 25.02.2025
ТВ Њуз – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 25.02.2025