Редовен програмски надзор врз ТВ 21-М, Наша ТВ, ТВ Клан Мацедониа, ТВ Шења, ТВ 24 Вести и ТВ Сонце

Скопје, 25 март 2025г –  За обврските за употреба на јазикот во програмите, дневно емитување најмалку 12 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ 21-М, Наша ТВ, ТВ Клан Мацедониа, ТВ Шења, ТВ 24 Вести и ТВ Сонце.

При надзорот беше констатирано дека ТВ Клан Мацедониа и ТВ Шења на своите програми емитувани на 5 март 2025 година не емитуваа најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела, го емитуваа во периодот од 7:00 до 19:00 часот.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ 21-М – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.03.2025

Наша ТВ – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.03.2025

ТВ Клан Мацедониа – (прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.03.2025

ТВ Шења – (прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.03.2025

ТВ 24 Вести – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.03.2025

ТВ Сонце – (член 64, член 90, член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.03.2025



Accessibility

Accessibility