Скопје, 14 април 2025 – По добиена претставка од граѓанин, Агенцијата спроведе вонреден програмски надзор врз изданието на актуелно-информативната програма „Само вистина“, премиерно емитувано на програмата на ТВ Канал 5 на 19 март, за начелата за вршење на дејноста и посебната забрана за поттикнување или ширење дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на забранетите дискриминаторски основи.
Со вонредниот програмски надзор не е констатирано прекршување на начелата за вршење на дејноста од член 47-а и на посебните забрани од член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Извештајот е достапен на следниот линк:
ТВ Канал 5 – (член 47-а од ЗААВМУ и член 48 од ЗААВМУ) – 11.04.2025