Изречени мерки јавна опомена за ТВ Клан Мацедониа, ТВ 21, ТВ Шења и Наша ТВ

Скопје, 14 април 2025 – Советот на Агенцијата на 16-та седница одржана на 10 април 2025 година, врз основа на извештаи од редовни и контролни административни и програмски надзори, изрече 11 мерки јавна опомена за ТВ Клан Мацедониа, ТВ 21, ТВ Шења и Наша ТВ.

На ТВ 21-М од Скопје изречени се четири мерки јавна опомена: за необјавување импресум во две емисии; неисполнување на обврските поврзани со наградни игри и употреба на телефонски услуги со додадена вредност; за прикриена аудиовизуелна комерцијална комуникација во актуелно-информативно говорно шоу и за емитување поп-ап реклами на поделен екран меѓу кои не поминува пропишаниот период од најмалку 15 минути.

На ТВ Клан Македонија од Скопје му се изречени четири мерки јавна опомена: за необјавување импресум во образовни и актуелно-информативни емисии; емитување програма од трета категорија во несоодветен термин; необјавување информации што треба да се достапни за корисниците и за неисполнување на обврската за емитување минимум 30% македонски аудиовизуелни дела.

На ТВ Шења од Скопје му се изречени две мерки јавна опомена: за необјавување импресум на документарна програма и за неисполнување на обврската за емитување минимум 30% македонски аудиовизуелни дела.

Мерка јавна опомена е изречена на Наша ТВ од Скопје, поради прекршување на одредбите за времетраење меѓу поп-ап реклами на поделен екран во три емисии.

Изречените мерки се достапни на линковите:

ТВ 21-М – (член 14 од ЗМ) – 11.04.2025

ТВ 21-М – (член 52 од ЗААВМУ) – 11.04.2025

ТВ 21-М – (член 53 став 2 од ЗААВМУ) – 11.04.2025

ТВ 21-М – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 11.04.2025

ТВ КЛАН МАЦЕДОНИА – (член 50 став 3 од ЗААВМУ)- 11.04.2025

ТВ КЛАН МАЦЕДОНИА – (член 14 од ЗМ) – 11.04.2025

ТВ КЛАН МАЦЕДОНИА – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) 11.04.2025

ТВ КЛАН МАЦЕДОНИА – (92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 11.04.2025

ТВ ШЕЊА – (член 14 од ЗМ) – 11.04.2025

ТВ ШЕЊА – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 11.04.2025

НАША ТВ – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 11.04.2025

 



Accessibility

Accessibility