Скопје, 15 април 2025 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз пет национални телевизии ТВ Алсат-М, ТВ Телма, ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Сител, за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни до корисниците и обврската за објава на идентификација на радиодифузерот.
Со надзорот не се констатирани прекршувања на административните обврски од Законот за медиуми и од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Извештаите се достапни на линковите:
ТВ Алсат-М – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 15.04.2025
ТВ Телма – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 15.04.2025
ТВ Алфа – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 15.04.2025
ТВ Канал 5 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 15.04.2025
ТВ Сител – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 15.04.2025