Одбележување на 3 мај – Светски ден на слобода на медиумите

Скопје, 3 мај 2025 – Во контекст на денешното глобално одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на длабокото влијание на вештачката интелигенција врз новинарството и медиумите, потсетуваме дека само професионални и независни медиуми можат да придонесат за одржлив општествен и демократски развој во ерата на брзи технолошки промени.

Слобода на медиумите значи право на новинарите да истражуваат и информираат без какви било притисоци. Но со развојот на вештачката интелигенција оваа слобода добива ново значење и се соочува со нови предизвици.

Вештачката интелигенција отвора нови можности за унапредување на истражувачкото новинарство, автоматизација на создавањето содржини и забрзана проверка на факти, но носи и значајни ризици во поглед на генерирање дезинформации, лажни вести и манипулативни видеа.

Вештачката интелигенција претставува вреден ресурс во новинарската практика, но таа не смее да биде целосна замена за темелната проверка, критичкото размислување и објективноста. Во оваа нова реалност, од суштинско значење е медиумите внимателно и одговорно да ги користат овие алатки, придржувајќи се до највисоките етички и професионални стандарди во своето работење.



Accessibility

Accessibility