Скопје, 8 мај 2025 – Во врска со Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, УП1 бр.08-140 од 25.04.2025 г. (објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.91/25 од 07.05.2025 г.)известуваме дека:
– Конкурсната документација и образецот – Пријава за учество на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Прилеп, можат да се подигнат во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Палата „Панко Брашнаров“, ул.„Македонија” бр.38, Скопје, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот;
– За документацијата се плаќа надоместок во износ од 60.000,00 (шеесетилјади) денари на жиро сметка: 300000000618023, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје;
– Пријавите на кандидатите кои нема да го платат надоместокот за документацијата, кои ќе бидат поднесени по истекот на крајниот рок, некомплетните пријави (кои нема да ги содржат сите документи и прилози согласно Пријавата), неуредно пополнетите пријави, како и пријавите кои нема да бидат поднесени во 2 (два) примерока (оригинал и копија), нема да се разгледуваат.
Крајниот рок за поднесување на пријави по Јавниот конкурс е заклучно до 07.07.2025 година (понеделник).