СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 30 јуни 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува заканите упатени кон новинарот Драган Павловиќ Латас од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Политичарите и носителите на јавни функции, мора да бидат пример за достоинствена комуникација и да се воздржат од изјави што можат да поттикнат омраза во јавниот дискурс и да доведат до дела мотивирани од омраза.

Апелираме да се почитува слободата на медиумите и новинарите, и доколку политичарите и носителите на јавни функции имаат забелешки на медиумските содржини да ги користат институционалните механизми за реакција.

 



Accessibility

Accessibility