Известување за јавното отворање на пријавa за учество на јавниот конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на локално ниво на подрачјето на општина Штип

Скопје, 16 јули 2025 –Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 19-та седница одржана на 08.05.2025 година, донесе Oдлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Штип УП1 бр.08-155 од 08.05.2025 година (објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.96/25 од 14.05.2025 година).

  • Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 14.07.2025 година.
  • Пријавите поднесени на овој конкурс, согласно точка 13 од напред наведената одлука, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на истите.

Јавното отворање на доставенaта пријава за учество на наведениот јавен конкурс, ќе се одржи на ден 22.07.2025 година (вторник) во 11:00 часот, во седиштето на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“,  ул.„Македонија“ бр.38, Скопје.



Accessibility

Accessibility