Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 5-та седница ќе ја одржи на 21.07.2025 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, преку видео конференциска врска.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од прво продолжение на 3-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржано на 11.07.2025 година.
- Усвојување на Предлог-записник од 4-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 11.07.2025 година.
- Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 1 април до 30 јуни 2025 година.
- Нацрт-деловник за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Нацрт-упатство за изменување и дополнување на Упатството за потврдување на извештаите за емитувано платено политичко рекламирање.
- Информација за спроведување на обврските на медиумските услуги за обезбедување пристапност за лицата со попреченост.
- Предлог-правилник за физичките лица даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање(инфлуенсери/влогери/креатори).
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ КАНАЛ ФЕСТА ДООЕЛ Куманово, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА ПЛУС ДОО Куманово, за прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ.
- Предлог за отпис на застарени побарувања од сметководствената евиденција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: aдаптивнo и превентивно одржување систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи.
- Предлог за одобрување на финансиски средства за обновување на 4 (четири) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.
- Разно.