Контролен програмски надзор врз операторот Алтра – Сат 2000

Скопје, 11 август 2025 – Врз операторот Алтра – Сат 2000 извршен е контролен програмски надзор со цел да се утврди дали постапил по Решението за јавно опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмските сервиси во рокот определен во истото, односно дали програмските сервиси што ги реемитува се регистрирани во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во согласност со член 141 од ЗАВМУ.

Со контролниот надзор констатирано е дека операторот постапил во целост по упатеното решение.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

Алтра – Сат 2000 – (член 141 од ЗАВМУ) – 11.08.2025

 



Accessibility

Accessibility