Скопје, 12 август 2025 – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз операторите Кабел ДОО и Телекабел за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат.
При надзорите не се констатирани прекршувања на одредбите од ЗААВМУ.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Кабел ДОО – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 12.08.2025
Кабел ДОО – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 12.08.2025
Телекабел – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 12.08.2025
Телекабел – (член 143 став 3 од ЗААВМУ) – 12.08.2025