Вонреден административен надзор врз ТВ Кобра

Скопје, 4.09.2025 –  По поднесена претставка од физичко лице, Агенцијата изврши вонреден административен надзор врз ТВ Кобра од Радовиш за исполнувањето на кадровските услуги утврдени во ЗААВМУ и Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Со надзорот беше констатирано дека телевизијата Кобра ДОО Радовиш, на денот на доставување на документите за вработените ги исполнува минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Извештајот од надзорот е достапен на следниот линк:

ТВ Кобра (член 62 став 6 од ЗААВМУ) – 04.09.2025



Accessibility

Accessibility