Скопје, 5 септември 2025 – Откако помина периодот за законско усогласување со мерките јавна опомена, Агенцијата спроведе контролни надзори врз ТВ Канал Феста за почитувањето на обврските за заштита на малолетната публика, објава на импресум и информации коишто треба да се направат достапни за корисниците.
Надзорите покажаа дека ТВ Канал Феста во целост постапила по трите решенија за изрекување мерка – јавна опомена.
Извештаите од надзорите се достапни на линковите:
ТВ Канал Феста (член 51 од ЗААВМУ) – 5.09.2025
ТВ Канал Феста (член 14 од ЗМ) – 5.09.2025
ТВ Канал Феста (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 5.09.2025