Скопје, 24 септември 2025 – Советот на Агенцијата на денешната 11-та седница усвои Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025.
На изработката на документот претходеа повеќе консултации со институциите кои имаат надлежности поврзани со изборите – ДИК, ДКСК и Државниот завод за ревизија. За констатираните непрецизности во Изборниот законик кои влијаат на распределбата на времето за ППР кај радиодифузерите и за исплата на буџетските средства за ППР од страна на ДИК, четирите институции со заеднички допис го информираа и Собранието на РСМ.
Нацрт-Упатството има за цел да ја појасни примената на одредбите од Изборниот законик коишто се однесуваат на радиодифузерите за Локалните избори 2025. Станува збор за распределбата на времето за платено политичко рекламирање (ППР), означување на нарачателот на рекламирањето, распределбата на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и за обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост.
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни да учествуваат во јавната консултација и своите мислења и предлози за Нацрт-упатството да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk, најдоцна до 25 септември 2025 година (четврток) до 16:30 часот.
Доставен предлог за Нацрт-Упатството за Локални избори 2025 од ТВ Сител – 25.09.2025