Усвоено Упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка

Скопје 24 септември 2025 – По претходно одржана јавна расправа, Советот на Агенцијата на денешната 11 седница за 2025 година, донесе Упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка.

Промените и дополнувањата на Упатството се во насока на усогласување со измените на ЗААВМУ од 2023 година и Законот за медиуми од 2025 година, за да се утврдат рокови за постапување по мерките јавна опомена за новите субјекти кои се во надлежност на Агенцијата, односно онлајн медиуми-интернет портали и даватели на услуга платформа за споделување на видеа. Додадени се и рокови за постапување по новите одредби за обезбедување пристапност до содржините на лицата со попреченост и за заштита на личните податоци.

 



Accessibility

Accessibility