Извештај од надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Компани 21-М

Скопје, 19.10.2025 – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Компани 21-М, емитувана на 18 октомври 2025 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик.

Спротивно на Изборниот законик, ТВ Компани 21-М за време на изборниот молк за првиот круг од изборната кампања за Локалните избори 2025 година, емитуваше реприза на посебната информативна програма Клик плус – Изборни дебати, премиерно емитувана на 17.10.2025, реализирана како дебата во која учествуваат тројца кандидати за градоначалник на Општина Центар, односно емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите.

Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ Компани 21-М е достапен на линкот.



Accessibility

Accessibility