Скопје, 19.10.2025 – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Шутел, емитувана на 18 и 19 октомври 2025 година, Агенцијата констатираше прекршување на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик.
ТВ Шутел за време на двата дена од изборниот молк, емитуваше информации и аудиовизуелни материјали во кои учествуваат учесници во изборите, односно емитуваше музички спот и документарна емисија во кои се појавува кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари.
Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ Шутел е достапен на линкот.