Мерка јавна опомена за кабелскиот оператор Вива Нет

Скопје, 4 ноември 2025 – Советот на Агенцијата на 16-тата седница одржана на 3 ноември 2025 година, донесе решение за преземање мерка јавна опомена за операторот на кабелска мрежа „Вива Нет“ од Берово.

Мерката беше изречена заради прекршување на законската обврска за континуирано испорачување на сигналот, со иста содржина со онаа што им е достапна на неговите претплатници до локацијата за прибирање сигнали лоцирана во секои од подрачјата на регионално ниво, заради натамошна дистрибуција до системот за програмски надзор на Агенцијата, што е спротивно на член 144 став 3 од ЗААВМУ.

На операторот му беше наложено во рок од 30 дена да го усогласи работењето со ЗААВМУ.

Изречената мерка може да се преземе на следниот линк:

 Вива Нет (член 144 став 3 од ЗААВМУ) – 03.11.2025



Accessibility

Accessibility