Скопје, 11 ноември 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовни програмски надзори врз кабелските оператори Винсет Кабел, Инел Интернационал и Кабел-Л-Нет за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат.
При извршените програмски надзори не се констатирани прекршувања.
Извештаите од надзорите се достапни на следните линкови:
Винсат Кабле – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 10.11.2025
Инел Интернационал – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 10.11.2025
Кабел-Л-Нет – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 10.11.2025