Седница бр.18 – 17.11.2025

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 18. седница ќе ја одржи на 17.11.2025 година (понеделник), со почеток во 14:00 часот, преку видео конференциска врска.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 

  1. Усвојување Предлог-записник од 17. седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 5.11.2025 година.
  2. Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2026 година.
  3. Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2026 година.
  4. Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2026 година (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2026 година).
  5. Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за избор на директор и на заменик на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  6. Предлог-правилник за дополнување на Правилникот за начинот на користење, управување и одржување на службените возила на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
  7. Предлог за давање одобрување за спроведување постапка за јавна набавка-услуга: одржување и сервисирање на системот за ладење, греење и вентилација.
  8. Разно.


Accessibility

Accessibility