Редовен административен надзор врз 93 радиодифузери

Скопје, 20 ноември 2025  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 93 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма.

Предмет на надзорот беше обврската според која радиодифузерите се должни податоците за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година да ги објават на сопствената програма, најмалку три пати годишно, во ударни термини и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.

Согласно Правилникот за начинот на објавување на податоците за работењето на радиодифузерите, радиодифузерите се должни овие податоци третиот пат да ги објават најдоцна до 31 октомври.

При надзорот беше констатирано дека обврската од член 15 став 4 од Законот за медиуми ја исполниле сите 93 радиодифузери.

Извештајот е достапен на следниот линк:

Општ извештај – (член 15 став 4 од Законот за медиуми) – 20.11.2025



Accessibility

Accessibility