Скопје, 21.11.2025 – На денешната 20 та седница, Советот на Агенцијата усвои Нацрт-Водич за инфлуенсер(к)и, влогер(к)и, креатор(к)и на содржини, за кој е отворена јавна расправа.
Целта на Водичот е да се обезбеди почитување на одредбите на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од подзаконските акти, од страна на инфлуенсер(к)и, влогер(к)и, креатор(к)и на содржини. Водичот ги сублимира сите одредби од Законот и од подзаконските акти што треба да ги почитуваат и мерките што треба да ги преземат за да се обезбеди нивна доследна примена.
Овие одредби важат за инфлуенсер(к)и, влогер(к)и, креатор(к)и на содржини кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, односно за оние кои ги исполнуваат критериумите утврдени во Правилникот за физичките лица даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање (инфлуенсер(к)и, влогер(к)и, креатор(к)и).
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.
Јавната расправа ќе трае до 22 декември 2025 година.