Извршени редовни програмски надзори врз радијата Џез ФМ, РФМ, Скај Радио, ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио и Урбан ФМ

Скопје, 28 ноември 2025 – За обврските за употреба на јазикот во програмите, емитување на доброволно пријавениот процент музика на македонски јазик и етничките заедници  и дневно емитување најмалку 12 часа програма на радиото, редовни програмски надзори се извршени врз радијата Џез ФМ, РФМ, Скај Радио, ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио и Урбан ФМ.

При надзорите беше констатирано дека радиото Џез ФМ на 11 ноември 2025 година, во периодот од 6:00 до 00:00 часот, наместо 10% емитуваше 2.77% домашна музика од вкупно емитуваната музика во анализираното деноноќие.

Извештаите се достапни на следните линкови:

РА Џез ФМ– (прекршување на член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 27.11.2025

РА РФМ – (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и член 90 од ЗААВМУ) – 27.11.2025

РА Скај– (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и член 90 од ЗААВМУ) – 27.11.2025

РА ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио – (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и член 90 од ЗААВМУ) – 27.11.2025

РА Урбан ФМ – (член 64, член 80 ставови 7, 8 и 9 и член 90 од ЗААВМУ) – 27.11.2025



Accessibility

Accessibility