Одржана работна средба со претставници на „Демокраси Лаб“

Скопје, 19 декември 2025 – Денеска во просториите на Агенцијата се одржа брифинг-состанок меѓу претставници на АВМУ и на организацијата „Демокраси Лаб“.

На состанокот беа презентирани клучните наоди од тековниот проект на „Демокраси Лаб“ за мониторинг и справување со дезинформации во Северна Македонија, спроведен во соработка со „Пикаса аналитикс“. Проектот е насочен кон идентификување и аналитичко следење на дезинформациски наративи на дигиталните платформи, со посебен акцент на странското влијание и неговите ефекти врз демократските процеси и јавната доверба.

Целта на средбата беше размена на релевантни податоци и препораки што можат да придонесат за справување со растечките предизвици поврзани со дезинформациските наративи и заштитата на информативниот простор.



Accessibility

Accessibility